Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Мечкаровски ќе суди на дербито Шкендија-Вардар

Мечкаровски ќе суди на дербито Шкендија-Вардар

Фудбалската федерација на земјава  ги одреди судиите за првото коло на новата сезона 2017/2018  во првата македонска фудбалска лига.  Дербито кое се игра денес во Тетово, помеѓу Шкендија и Вардар ќе го води Димитар Мечкаровски од Скопје.

Натпреварот се игра со почеток во 17-00 на Градскиот стадион во Тетово, двата црвено-црни тима ќе  атакуваат на победа, со која ќе го отворат првенството и со три бода ќе ја стартуваат борбата за титулата во ПМФЛ.