Ви го пренесуваме целото соопштение од “Комитите”.
Браќа Комити,
Пред нас е многу важен натпревар, играме двомеч за пласман во групна фаза од Лига на Европа, играме против Фенербахче, реномиран противник којшто има големо искуство настапувајќи тука но и во најреномираното натпреварување и заслужува респект…Но натпреварот е важен уште повеќе поради тоа што сме ние сега пред еден сериозен испит, каде треба да покажеме од што сме направени… Неверојатно е дека бевме испровоцирани и повредени од луѓето од нашето семејство, бевме ставени во позиција да ги браниме вредностите и историјата на клубот и
едноставно ни беше фрлена ракавица пред очи, бевме ставени пред тежок испит и беа испитани нашите граници на толеранција, но сега тоа е зад нас, се е подредено пред овој натпревар, забораваме на се и целиот наш фокус е тука… Градскиот стадион е одбранет, Градскиот стадион повторно ќе биде во својот полн сјај, Градски повторно е црвено-црн!
За тоа да биде така и во Четврток на 17.08 сме должни сите ние да допринесеме… Имаме кратко време но сосема доволно
да се консолидираме и да го наполниме стадионот. Купувајте карти за Западната трибина, должни сме да ја наполниме како никогаш досега, сега ние ја фрливме ракавицата и немаме никаков избор освен да се прикажеме во најдобро светло и да покажеме дека борбата за одбрана на
нашите идеали и вредности не е залудна… Цена на билетот е 300 денари, Блокови на Западна трибина: 25, 26, 27, 28, 29 и 30… Линк каде може да се купат билети онлајн:
https://sales.ticketplus.mk/OnlineSale/?id=314
Секогаш кога било потребно ние сме биле на висината на задачата и така мора да биде и сега. Пренесете го овој повик до сите ваши соборци од трибина, нашето старо членство, на сите оние на
кои во вените им тече Комитска крв, Пренесете им дека Вардар живее вечно, и дека Скопје ќе гори на 17.08. во 20ч. Пренесете им дека сме должни со целото наше битие да ја одбраниме честа на
Скопје и Македонија!
Пред нас е голем дуел, исто онолку важен како и дуелот со Копенхаген, пред нас е историја…Ние веруваме во Вардар, веруваме во можностите на фудбалерите, но за разлика од другите ние веруваме и во чуда. Едно чудо пред само еден месец стана реалност, Вардар стана Европски првак во ракомет!!!
Веруваме и во уште едно чудо, пласман во Групна фаза од Уефа Лига на Европа…
Ве повикуваме сите вас кои некој ве донел на Јужната трибина да го проследите вашиот првиот натпревар натпревар на Вардар, Поклонете му билет, израдувајте го и споделете ја меморијата која ќе живее се додека живееме ние. Вардар ќе живее се додека љубовта се пренесува од
генерации на генерации… Пренесете ја повторно љубовта кон Вардар како што вам ви беше пренесена!
Не подлегнувајте на сервираните провокации, и не дозволувајте да бидете дел од сценарија од кои корист би имале други страни. Навиваме од срце за Вардар!
СОБИР – СОБОРЕН ХРАМ 17ч.
Повик и до фановите на гостинскиот тим од земјава и странство, Немојте ниту вие да бидете дел од провокацијата која има за цел да креира вештачка нетрпеливост таму каде што ја нема. Јужната трибина е нашата светост како и Западната, и билети за Јужна трибина немојте да купувате, за да не бидете дел од едно лошо сценарио креирано против нас и вас…Послушајте го нашиот пријателски повик и сместувајте се на Источната трибина која традиционално е резервирана за гостински навивачи. Доколку веќе сте купиле билети за Јужна, заменете ги за Источната по иста цена се. Вие не сте виновни, но тоа се емоции кои вие како вистински навивачи на вашиот клуб ќе ги разберете доколку се ставите во нашата позиција…
Почитуван господине Самсоненко,
Вие влеговте во Црвено-Црното семејство во вистинска смисла на зборот, влеговте со душа и со целото свое срце, и ние токму така и ве прифативме, со душа и срце…Ни приредивте толку голема радост, и овозможивте да се чувствуваме горди што сме припадници на овој клуб, што во нашите вени тече крв во боите на клубот со свето име. Ние не сме знаеле да прифатиме никого во ова наше семејство предходно на начинот на кој ве прифативме вас. Вие станавте синоним за овој клуб многу повеќе од било кој пред вас, вие како сопственик на клубот станавте икона негова, идол на новите генерации, вие, и покрај вас направивте да има уште десетици нови идоли
Па не сме ние толку наивни за да ве испуштиме од раце, сега кога се случуваат најголемите успеси на клубот, сега кога ја разбудивте нацијата и и покажавте дека се е можно, дека треба да веруваме
во себе… Покажавте дека во ова парче земја има луѓе кои имаат шампионски дух, способни да победуваат имиња кои предходно ни делуваа непобедливи…Вие сте дел од нас, и повеќе од тоа, вие сте голем Македонец на кого му тече Комитска крв. Како што со жив штит сме спремни да ја браниме и ќе ја одбраниме Јужната трибина по секоја цена, со жив штит сме спремни да ве одбраниме и вас од она зло кое ве опкружува и ви ја одзема енергијата која од вас зрачи. Како секој вистински професионалец и сопственик си одредивте
менаџерска структура во клубот и на истата и дадовте доверба да ја води работата, тоа е вистинскиот начин за работа кој е предодреден за успех…но…ете има и исклучоци, и од се срце во името на сите навивачи на клубот би сакале да ви укажеме дека ова раководство на Фудбалскиот клуб не го води клубот во вистинскиот правец…Ова раководство не знае да ги цени вистинските вредности на клубот, не знае да ја цени традицијата и историјата на клубот, и на крај ова
раоводство не знае да ве цени ниту вас како сопственик…Создаде зла крв таму каде предходно никогаш ја немаше, не оддалечи од клубот кој ни е најблиску до нашите срца… Но доколку вие сметате дека ова раководство е токму она кое е најдоброто и го заслужува нашиот и ваш Вардар и покрај тоа што огромното мнозинство навивачи, Вардарци и спортска јавност не мисли така, тогаш во ред, не се мешаме во неговото работење, како што не се мешавме ниту досега. Но ние сме
должни да реагираме за да бидеме корекција на оваа и секоја предходна и наредна Управа, да им укажеме на нивните грешки за да се корегираат, и такви ќе продолжиме да бидеме, затоа што Вардар е нашето семејство, а семејството ги решава сите отворени прашања дома очи во очи.
Вие не можете да си одите од Вардар, затоа што имаме многу незавршени работи заедно, затоа што треба уште долг период за да ја научиме Европа да говори Македонски и чита и пишува Кирилица!!!
30 ГОДИНИ КОМИТИ ЗАПАД !!!