Тренерот во младите категории на ракометниот клуб Вардар, Андријана Будимир оваа сезона ќе ја предводи истата генерација со која лани се натпреваруваше во пионерската лига. Станува збор за момците родени 2002 и 2003 година, со нив таа лани имаше одлична сезона, забележителни настапи на меѓународни турнири каде играше одлично, имаа златни медали и високи пласмани. Во групата во лигата завршија како втори.
Будимир веќе на 2-ри август тргна со подготовките на своите момци, веќе десетина дена тие во Скопје во салата “Кале“ вредно работат подготувајќи се за новата натпреварувачка сезона. Овој нејзин состав оваа сезона покрај настап во пионерската лига ќе настапува и во кадетска конкуренција. Таа се покажа како одличен стратег лани, голем мотиватор на своите пулени на кои покрај ракометно знаење им пренесува и голема мотивација и силна енергија. Ростерот доживеа одредени измени, истиот е дефиниран, ова се момците со кои таа ќе работи оваа сезона:
Ненад Ангеловски, Бране Трифуновски, Давид Стојкоски, Бојан Чакалиќ, Никола Жерновски, Леонид Цорогулов, Давид Мирчевски, Дамјан Димитријевски, Филип Атанасовски, Дарјан Петков, Марио Мишевски, Борис Павловски, Андреј Трајановски, Алексеј Василев, Антонио Пешевски, Давид Савревски, Горјан Трајчевски, Велимир Грујовски, Благој Димчевски, Симон Калајџиевски, Дамјан Србиновски, Матео Јанчев, Мартин Јовевски и Дамјан Јордановски.