Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардарци со два натпревари овој викенд
Куглање: Вардарци со два натпревари овој викенд

Куглање: Вардарци со два натпревари овој викенд

Викендов во Македонската кугларска лига, МКЛ, на програмата е четвртото коло, во истото двата тима на кугларскиот клуб Вардар ги очекуваат нови предизвици.

Тимот на Вардар-А, игра во натпревар во кугларницата „Мусандра“ за ривал ќе ја имаме екипата на КК ГТЦ Мусандра. Оваа средба ќе се игра во сабота (1.октомври) со почеток во 10-00 часот.

Вардар-Б гостува кај тимот на Пелистер-1, овој натпревар се игра во недела во кугланата при салата „Боро Чурчевски“ во Битола. Оваа средба ќе започне во 14 часот и 30 минути.