Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар гостува во Охрид, во атак на нова победа
РК Вардар гостува во Охрид, во атак на нова победа

РК Вардар гостува во Охрид, во атак на нова победа

Во сабота (01.10) во рамките на 5.коло во групата А од ракометната Супер лига, екипата на РК Вардар ќе гостува кај Охрид.

Натпреварот во сабота ќе се одигра во спортската сала „Билјанини Извори“ со почеток од 19:30 часот.

Натпреварот ќе го судат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола, додека делегат е Славчо Калановски од Струга.

После четири одиграни кола, Вардар има максимален број на освоени бодови, додека Охрид има скор од две победи и два порази.