Sunday ,13 October 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Вардарци одиграа контролен турнир, дуото Влаќевски-Димитровски доминантно, Донковски веднаш зад нив

КУГЛАЊЕ! Вардарци одиграа контролен турнир, дуото Влаќевски-Димитровски доминантно, Донковски веднаш зад нив

Вардаровите куглари како што ви најавиме неколку пати ги чекаат два предизвиви, еден другиот викенд во Бања Лука-БиХ на силен подготвителен меѓународен турнир и она што е вистински предизвик “Светскиот куп“ во Болцано-Италија наесен каде ќе има собир на 14 шампиони од стариот континент, турнир кој ќе го собере кугларскиот крем од Европа. Тренерот на црвено-црниот кугларски колектив Драги Димитровски ја тестираше подготвеноста на екипата во моментов со контролен екипен турнир.

Сосема очекувано врвот односно позициите “еден-два“ им припадна на ударното дуо на црвено-црните Влаќевски-Димитровски, тие двајцата имаа скор сосема очекуван за нивните способности од над 600 “соборени дрва“. На врвот се издвои Бојан Влаќевски, со скор од 614 “кугларскиот Моцарт“ беше лидар на табелата. Втор скор имаше  другиот член на “ударното дуо“ и еден од двата лидери на тимот “вардаровиот дијамант“ Димитар Димитровски кој запиша 602 “соборени дрва“. На позицијата три сосема блиску зад дуото резулtат имаше Младен Донковски кој очигледно по овој настап ќе биде кугларот кој во престојната сезона ќе им го чува грбот на двајцата лидери и ќе атакува на високи бројки на позицијата три. Донковски беше блиску до границата од 600 “соборени дрва“ тој впиша резултат од 595. Четвртата позиција му припадна Влатко Стојановски со 565, новајлијата во составот Бранко Митиќ имаше 562, а топ-6 делот (на мечевите играат шест играчи) го сочинува и Згонац Марјан кој кој успеа да собори 559 “чуна“. Искусниот Миле Димковски впиша скор од 552, а на осмата позиција се најде со Коста Ристевски со 535. Вкупниот топ-6 резулат на овој тест турнир изнесува скоро 3,5 илјади соборени “чуна“ што е одличен резулат во оваа фаза од подготовките за престојните предизвици. Младиот Дарко Димитровски кој е деветти и последен член во ростерот на КК Вардар за следнава сезона не настапи бидејќи доцни со реализирањето на подготовките во однос на остатокот од тимот, тој подоцна се вклучи, но работи напорно и предано со цел да ја надокнади изгубената програма и да биде конкурентен за предизвиците во Бих и Италија.

Напомена ->

vardarfans kk vardar instagram
По урнекот на другите вардарови колективи и КК Вардар ќе може да го следите одсега и на “Инстаграм“!