Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Новак, Глигоров, Боарето и Којашевиќ.. кој е следен?
Новак, Глигоров, Боарето и Којашевиќ.. кој е следен?

Новак, Глигоров, Боарето и Којашевиќ.. кој е следен?

Новата сезона што туку започна, а во редовите на ФК Вардар во листата на стрелците се запишаа играчи од три различни позиции и тоа: Одбрамбен играч, играч од средниот ред, и напаѓач. Сезоната со гол ја отвори ни повеќе ни помалку туку дефанзивец. Неговото име беше Евгениј Новак. Нашите напаѓачи на воведниот натпревар не беа расположени за голови, дури и Којашевиќ промаши пенал.

Но, ”сонот” на нашите напаѓачи траеше само еден натпревар. Во второто коло, на најважниот натпревар, против директниот конкурент за титулата Шкендија, нашите напаѓачи успеаа да постигнат два погодоци. Прв серијата погодоци на неделниот меч ја започна  играчот од средниот ред Никола Глигоров, а во вториот дел уште два гола придодадоа напаѓачите и тоа: Боарето и Којашевиќ, кој постигна евро погодок од над 25 метри. Очекуваме нови погодоци на неделниот натпревар против Победа.