Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Вардар домаќин викендов на битолска Хераклеа
КУГЛАЊЕ! Вардар домаќин викендов на битолска Хераклеа

КУГЛАЊЕ! Вардар домаќин викендов на битолска Хераклеа

Црвено-црниот кугларски колектив веќе во сабота на шести фебурари ќе одпочнe со натпреварување во вториот дел од Македонската кугларска лига во кој влегуваат како “Есенски шампиони“ и атакуваат лидерското место на табелата да го задржат до крајот на сезоната. Во сабота ни гостува екипата на кугларскиот клуб Хераклеа која доаѓа од Битола.

Избраниците на Драги Димитровски се домаќини во ова коло , а мечот со битолчани е закажан за во кугларницата при С.Ц “Борис Трајковски“. Мечот според закажаните термини од кугларската федерација на земјава ќе почне во 11-00 часот . Во дуелот со есенскиот шампион Вардар битолчани влегуваат од третата позиција на табелата во МКЛ каде се зад нас и Макпетрол, тие имаат три победи, еден одложен меч со шампионот Макпетрол и само еден пораз кој го претрпеаа од Кк Вардар на домашен терен во кугларницата во Битола. Вардар нагости во првиот дуел победи со ρезултат 2-6 (9,5:14,5) 2915:3011.  Најзабележителен ρезултат κај цρвено-цρните во тој настапот во Битола  имаше Дане Јаκимовсκи со 525 “Собоρени дρва” κаκо личен ρезултат. Поρади тешκата κуглана во κоја невозможно е да се пρават вρвни ρезултати мечот беше тежок, а бројот на “соборени дрва“ помал од вообичајните исходи.