Saturday ,11 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар во сабота го пречекува “фенерџијата“ Савехоф, билетите веќе една седмица се во продажба
Вардар во сабота го пречекува “фенерџијата“ Савехоф, билетите веќе една седмица се во продажба

Вардар во сабота го пречекува “фенерџијата“ Савехоф, билетите веќе една седмица се во продажба

Викендов по паузата во ЕХФ лигата на шампионките на програмата е третото коло од главната групна фаза во ова најквалитетно ракометно натпреварување за дамите. Вардарки дома го пречекуваат тимот на Шведскиот шампион Савехоф кој е “фенерџија“ во групата   без освоен бод и е безмалку без шанси за пласман во следната елиминациска рунда. Црвено-црните на овој меч ќе ги води од клупата Индира Кастратовиќ која нема да ја има помошта на Јан Питлик, тој и клубот  се договорија за спогодбено раскинување на договорот за соработка.

За разлика од гостинот кој е во незавидна позиција  нашиот ракометен шампион  забележи поразот во Подгорица и сега има императив да се врати на победите и да фати приклучок кон позииците кои ќе носат полесен противник во 1/4 од ЛШ. Картите за дуелот веќе се во продажба цела седмица, и истите можат да се набават секој ден пред билетарницата на спортскиот центар Јане Сандански во периодот од 10-18 часот. Истите можат да се добијат и онлајн преку Ticketplus. mk. Цената на истите изнесува: За на трибините билетот е  180 денари, за во ВИП Зоните  влезот ќе чини  400денари, а во ВИП Собите  истиот изнесува  1000 денари.

Мечот ќе биде одигра на 6-ти февруари (сабота) со почеток од 17:30 часот во С.Ц. Јане Сандански.