Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Матеа Спасовска: Во вториот дел од сезоната се надевам дека ќе ги подобриме резултатите
Матеа Спасовска: Во вториот дел од сезоната се надевам дека ќе ги подобриме резултатите

Матеа Спасовска: Во вториот дел од сезоната се надевам дека ќе ги подобриме резултатите

Младинките на Жрк Вардар го завршија првиот дел од сезоната во лигата на второто место. Беа забележани вкупно четири победи и два порази. Лигата ја сочинува само седум ракометни екипи, од тука и малиот број на одиграни натпревари

-Генерално сум задоволна од резултатите и игрите на својот тим во првиот дел од сезоната и покрај тоа што изгубивме од Металург а додека за поразот во Делчево вината беше во некомплетната екипа. Во вториот дел од сезоната се надевам дека ќе ги подобриме резултатите, ќе играме подобро и посигурно и ќе успееме да го освоиме првото место.

Изминатиов период младинките имаа можност да бидат дел од два ракометни турнири. На “Трофеј Белград“ црвено-црните го освоија четвртото место. На второто издание на турнирот “Вардар-еден живот, една љубов“ избраничките на Билјана Пецевска завршија на првото место.

-Во врска со турнирот во Белград сметам дека можевме многу повеќе, дел од екипите беа поспремни играа на свој терен и имаа подобра и поуспешна игра. За разлика од турнирот во Белград, турнирот Вардар-“еден живот, една љубов“ го изигравме поспремно, посигурно и бевме убедени дека ќе го освоиме .Сите ние максимално ја искористивме својата шанса и резултатот беше очигледен. Екипата беше желна за победа и го освоивме првото место како и минатата сезонa, изјави Матеа Спасовска за нашиот сајт.

Звонко Ивановски