Викендов во Кочани за прв пат се одржа атлетска трка на пат во должина од 5км и 10км. Нашиот атлетичар Петре Завировски истрча одлична трка.
Веќе покажува дека е неколку нивоа погоре во споредба со минатата сезона. Се надеваме дека Вардарецот ќе продолжи со вакво темпо, со тоа во текот на сезоната можеме да очекуваме уште многу посилни настапи. Резултатот од 35-54 минути е фантастичен. како за споредба минатата сезона Завировски најбрзите 10км ги истрча за 36-48. Очигледна е неговата заложба, на тренинзите е одличен. Многу ни е драго што во Вардаровото семејство имаме спортист кој многу добро знае што значи дресот на Вардар и со особена почит кон навивачката група Комити Запад и нашиот медиум Вардар Фанс кои се брендирани на неговиот дрес. Со нас трча на секоја негова трка. Завировски за овој настап изјави:
“Тоа што го потенцирав пред трката го спроведов на дело. Од самиот почеток тргнав агресивно. Бев подготвен да го дадам максимумот од себе но и да ја плата цената од пребрзиот старт. Но го задржав константно темпото од почеток до крај. Апсолутно сум задоволен од резултатот. На трка на 10км на пат само еднаш во кариерата имам трчано побрзо од денес. Моето опкружување од одлично, амбициите се високи како никогаш до сега. Ве уверувам дека ова е само почеток. Подготвен сум и давам се од себе, од ден на ден се вложувам се повеќе и повеќе. Продолжуваме веќе следниот викенд на нова трка. Одново на патеката долга 21.097км во Градскиот парк во Скопје. На таа патека секогаш сум трчал добро. Таму имам 1 златен медал и 3 сребрени. Ќе биде нов добар полумаратон”.