Младинките на ЖРК Вардар ја оправдаа фаворитската улога на гостувањето кај тимот на РК Спартак. Избраничките на Драгана Ристова и Александар Царчев денес во салата „Круме Кепески“ како гости дојдоа до висока победа со резултат 26-40.
Првиот дел започна релативно изедначено, домашниот тим парираше се до резултат 6-7. Потоа беше период во кој ние ја започнавме нашата игра и од минута во минута ја подобрувавме предноста. На одмор помеѓу двата периода заминавме со пет гола повеќе, односно со резултат 14-19.
Вториот период започна целосно во наш знак, за кратко отидовме на двоцифрена предност кога поведовме со 10 гола при резултат 16-26. Се до крајот беше извесно освен едно, разликата со која ние ќе дојдеме до победа на оваа младинска средба. Победата во ова 5.коло од младинската група-А дојде со 14.гола повеќе, односно со резултат 26-40.
Кај нас први стрелеци беа имењачките, Сара Стефаноска и Миновска со по 7 гола, гол помалце имаше Катерина Дамјаноска, а пак со 5.гола дуелот го завршија Михаела Стојановска и Бојана Радевска.
Јована Трајкоска сопре 8.топки, другиот голман Вероника Ѓорѓиевска сопре 5.топки и постигна еден гол, таа и во сениорскста лига исто така има погодок.