Ракометарите на Вардар загубија на домашен терен од Еурофарм Пелистер, но останаа со свои шанси за одбрана на титулата. Свесни се ,,црвено – црните” дека одиграа натпревар под нивниот просек, но и свесни се дека се најопасни кога е најпотребно, затоа и го носат епитетот двократен европски првак.
Убедени сме дека вчерашната партија беше само еден лош ден за Вардар и дека во Битола ќе славиме голема победа и со самото тоа ќе ја одбраниме оваа титула. Победивме во Келн пред 20.000 илјади гледачи и големи европски екипи, сме победувале гостински натпревари низ цела Европа, а ќе победиме и во Битола.
Глава горе момци! Ни претстои уште еден супер дуел, па затоа оптимистички и на добар резултат против Веспрем в четврток.