Во рамките на новото коло во детската фудбалска лига, генерацијата 2009 на Вардар за противник ја имаше екипата на Куманово. Натпреварот заврши со нерешен резултат 1:1 (1:0). По првото полувреме избраниците на Зоран Петковски имаа водство од 1:0 со голот на Коста Бошковски, додека противникот во вториот дел го израмни резултатот. Вардар може да жали што не успеа да стигне до победа, со оглед дека имаше неколку сериозни шанси за погодок на овој натпревар од детската лига.
Погледнете неколку фотографии од овој натпревар, додека галеријата ќе биде достапна деновиве на нашиот веб сајт.