Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЕП М16: Данска совладана со 99.поена, Величковски повторно “двоцифрен“
ЕП М16: Данска совладана со 99.поена, Величковски повторно “двоцифрен“

ЕП М16: Данска совладана со 99.поена, Величковски повторно “двоцифрен“

Четвртиот натпреварувачки ден на Европското првенство (дивизија б) ја донесе и третата победа за нашите репрезентативци во кадетска машка конкуренција. Со речиси сто поени на нашиот дел од семафорот (99-89 конечен резултат) кадетите ја совладаа соодветната репрезентација на Данска. По периоди дуелот течеше вака: 21-27, 21-19, 28-19, 29-24.  Вардарецот во оваа екипа Марко Величковски на теренот почна како стартер и одигра 22:18.минути, зад своето име повторно имаше двоцифрен ефект впишувајќи 11 поена. Тој на тоа додаде и три скока и една асистенција.

Досега, кадетите славеа над Белгија и над Словачка, а запишаа несреќен пораз од репрезентацијата на Русија во првото коло. Следно за кадетите е заверка на пласманот во четвртфиналето во натпревар против Норвешка, закажан за денес, 14. август.