Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Составот на Вардар Јуниор кој ќе се натпреварува во супер лигата, за сезона 2018/19
Составот на Вардар Јуниор кој ќе се натпреварува во супер лигата, за сезона 2018/19

Составот на Вардар Јуниор кој ќе се натпреварува во супер лигата, за сезона 2018/19

Пред вториот тим на РК Вардар е уште еден нов голем предизвик во новата натпреварувачка сезона, да се обезбеди опстанок во најсилната супер лига. Со уште подмладен состав, тренерот Стојан Петрушевски ќе има тешка задача да се надигрува со повозрасните екипи, сепак ова ќе биде едно големо искуство пред се за играчите, кои до минатата сезона беа дел од младинските екипи на клубот. Токму од таму се прекомандувани неколку играчи, кои треба да докажат дека со право добиле повик од тренерот Петрушевски. Екипата ја напуштија неколку повозрасни и поискусни играчи, кои изминатата сезона го носеа “товарот„ на тимот во супер лигата. Освен Славе Јанковски кој доаѓа од екипата на Струмица и повратникот на голманската позиција, Даниел Ставровски кој пристигна од Пролет, останатите играчи беа дел од Вардар и минатите сезони.

Вака ќе изгледа составот на Вардар Јуниор во сезоната 2018/19.

Голмани: Марко Кизиќ, Андреј Петковски,  Александар Тушев, Даниел Ставровски

Леви крила: Александар Нанов, Иван Димитровски, Славе Јанковски, Христи Биковски, Стефан Чакалиќ

Пикери: Стефан Атанасовски, Кристијан Анѓелковски, Давид Гашоски, Антонио Николовски

Десни крила: Мартин Димов, Ален Ќосевски

Леви бекови: Дејан Кукуловски, Никола Цветановски, Тони Атанасовски, Христијан Милошески, Игор Ѓорѓиев

Средни бекови: Стефан Крстевски, Мартин Карапалевски, Марко Мишевски

Десни бекови: Васе Наков, Дарко Трајковски.

Новата сезона во супер лигата ја стартуваме на 15/16.09 со натпревар на домашен терен против екипата на Радовиш.