Кадетската репрезентација на Македонија денес ќе го одигра четвртиот натпревар на ЕХФ Шампионатот во Грузија. Противник ни е селекцијата на Швајцарија, а ова ќе биде дуел за првото место во групата.
Македонија по првите три кола издвојува исто толку победи, против Литванија, Луксембург и Фарски Острови и заедно со селекцијата на Швајцарија го делат првото место во групата, со максимален број на освоени бодови. Инаку и двете селекции имаат најголеми шанси да се пласираат во полуфиналето на ЕХФ Шампионатот.
И за денешниот дуел, селекторот Брестовац, ќе смета на пет вардарови играчи, кои ги вклучи во составот од 16-те ракометари. Тоа се повторно голманот Кизиќ, кој вчера беше еден од најзаслужните за победата против Ф.Острови, потоа Карапалевски, Ќосевски, Ѓорѓиев и Анѓелковски.