Hа ЕХФ-шампионатот во Грузија, репрезентацијата на Македонија одигра уште еден одличен натпревар и дојде до четири од четири така што во полуфиналето ќе стартува од првата позиција во групата А. Црвено-жолтата селекција денес ја надигра Швајцарија со 32:31 и покажа голема борбеност и квалитет.
Ние на почетокот на натпреварот вледовме добро и по десет минути имаве водство од 5-3, потоа со добра игра во одбраната зголемивме и на 7-3. При падовите во нашата игра Кизиќ не дозволи да ни се доближат премногу противниците. Се играше претежно игра гол за гол, на две минути до крајот водевме со пет позитива 14-9, но одново следеше пад, и со серија 1-3 ривалот го однесе дуелот на одмор со резултат 15-12 за Македонија.
Вториот дел почна со намалување на предноста на 15-14, но Македонија заигра поангажирано и беше во убава предност до 38. минута докога успеавме да се одлепиме на плус пет, 21:16. Следеа минути на Швајцарија која направи целосен пресврт и поведе со два предност, ние смогнавме сили и во 49. минута дојде израмнувањето на 25:25. Во последните десетина минути одлично се снајдовме, водевме и го котролиравме резултатот, а при падовите повторно Кизиќ блеснуваше на нашиот гол. На крајот го совладавме противникот со резултат 32-31.
Нашиот голман Марко Кизиќ како и на дуелот со Ф.Острови и на овој беше одличен и двигател на тимот, тој повторно беше “двоцифрен“ со 12 одбрани. Исто така и новиот лев бек на Вардар Јуниор, струмичанецот Игор Ѓорѓиев кој постигна четири голови и еден од најзаслужните за победата, во моментите кога се кршеше резултатот.