Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Браќата, Димитровски одлични за мак.селекцијата на пријателската со БиХ
Браќата, Димитровски одлични за мак.селекцијата на пријателската со БиХ

Браќата, Димитровски одлични за мак.селекцијата на пријателската со БиХ

Вчера во кугланата во градот Битола се одигра пријателски тест-натпревар помеѓу репрезентацијата на Република Македонија  и кугларската А-селекција на Босна и Херцеговина.

Вистински тест и одлични настапи донесе оваа пријателска средба, истата донесе можност двете селекции да ја утврдат својата моментална натпреварувачка форма. По договор на двата селектори одиграни беа 8.дуели, двете репрезенации добија по 4, во сетови црвено-жолтите беа подобри од гостинот со 18 спрема 14 сета кои ги освоија босанците, ривалот имаше подобар скор во вкупно освоени дрва на оваа „контролка“со резултат 4541 спема 4555.

За македонската кугларска селекција настапија двајцата вардарци кои изминатиот викенд во истата куглана станаа шампиони на Македонија во „бубал“. Димитровски Дарко и Димитар успеаа да ги совладаат своите противници, првиот собори  580“дрва„, а пак Димитар впиша зад своето име 589 „соборени дрва“.