Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Прв пораз сезонава за кадетите на РК Вардар, Мулти Есенс подобар за еден гол
Прв пораз сезонава за кадетите на РК Вардар, Мулти Есенс подобар за еден гол

Прв пораз сезонава за кадетите на РК Вардар, Мулти Есенс подобар за еден гол

Кадетите на РК Вардар го претрпеа првиот пораз сезонава, откако вчера загубија од екипата на Мулти Есенс. Конечниот резултат на натпреварот гласеше 28:29.

Во најголем дел од првото полувреме избраниците на Зоран Петковски беа во предност, која најмногу достигна два гола разлика. Беше 4:2, 8:6, но сепак противникот постојано одржуваше чекор и не дозволи Вардар да се одлепи на поголема позитива. Во првиот дел видовме вкупно седум израмнувања на резултатот, така беше и на полувреме, кога ниту една од екипите немаше предност, односно на семафорот во спортската сала на „ОУ Круме Кепески“ стоеше резултат 15:15.

Вториот дел го стартувавме со два последователни голови за предност од 17:15, но противникот врати со серија од 0:3 и тие поведоа со еден гол разлика. Долго време гледавме игра гол за гол, екипата на Мулти Есенс, успеа да се одлепи на два гола разлика, поведе со 24:26 и до крајот ја задржа предноста, за да слави триумф над Вардар.

Најефикасен во редовите на Вардар беше Томислав Стаменков со 9 постигнати голови, Матеј Тевдовски имаше 6, додека Јован Божиновски 5 погодоци.