Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар дојде до 6/6, совладан во дербито Бадел
ЖКК Вардар дојде до 6/6, совладан во дербито Бадел

ЖКК Вардар дојде до 6/6, совладан во дербито Бадел

ЖКК Вардар во 6.коло дојде до 6.победа во групата-А, црвено-црните девојки победија во дербито со подмладениот оваа сезона Бадел 1982. На дуелот кој се одигра вчера во „Кале“ црвено-црните дами остварија триумф со резултат 69-55.

Поведовме на почетокот со седум плус, дојдовме до  високи 10-0 по 3-ката на Муса по што гостинот го зема првиот тајм-аут во 3,минута од мечот. По 10.минути кошарка, на крајот на првата четвртина имавме високи 21-07 и покажавме дека ние ќе диктираме темпо. На одмор заминавме со комотни 15.поена повеќе, резултатот 38-23 го постави Антиќ на 3-4.секунди до крајот на првиот дел. Се беше решено до тој момент само прашање на техника беше за нашите девојки оваа средба да ја доведат до крајот, победивме на истата со 14.поена повеќе, односно со резултат 69-55.

По оваа нова победа остануваме лидери на табелата во групата-А од женската кошаркарска сениорска лига  со максимални 12.бода.