Вчера, кадетите на кошаркатскиот клуб Вардар ја победија Виена Јунајтед со 90-77 во третиот натпревар од EYBL турнирот што се игра во Шопрон.
Победата можеше да биде и поубедливо изразена бидејќи нашите млади кошаркари водеа и со 29 поени разлика во третата четвртина, но во финишот дојде до опуштање кое Австријците го искористија за да дојдат до пристоен пораз. Победата од 13 разлика е најмала за Вардар на овој турнир.
За разлика од 2.коло кога блескаше Терзиевски, на овој дуел се истакнаа капитенот Григориј Ѓорѓевич и Љубен Ефтимовски кои постигнаа 65 од вкупно 90 поени на екипата или безмалку три четвртини. Ѓорѓевиќ реализира 34 поени, а Ефтимовски имаше монструозно издание со 31 поен и 25 скока за вкупен индекс 48.
Својот последен натпревар на турнирот, Вардар ќе го одигра денес од 11-00 часот против чешкиот тим Сокол Прашки.