Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Познат составот за дуелот со Ц.Гора, Гаџа и Ѓукиќ еден против друг
Познат составот за дуелот со Ц.Гора, Гаџа и Ѓукиќ еден против друг

Познат составот за дуелот со Ц.Гора, Гаџа и Ѓукиќ еден против друг

Денес со почеток од 18:00 часот нашата ракометна репрезентација го игра вториот натпревар на ЕП. Противник ќе ни биде репрезентацијата на Црна Гора.

Селекторот Кирил Лазаров го објави списокот на ракометари кои ќе излезат на теренот на овој втор натпревар. За разлика од првиот натпревар единствена разлика е што во составот ќе биде голманот Митревски, додека познато е дека Кирил Лазаров нема да може да игра поради повреда, па тој не е на списокот на играчи. На списокот се и нашите вардарци, Томовски, Георгиевски, Стоилов, Талески и Мишевски.

Денес на програмата е еден интересен натпревар, на кој ќе се соочат репрезентациите на Србија и Хрватска, што значи дека Ѓукиќ и Гаџа ќе играат еден против друг, па остануваме да видиме кој ќе биде поуспешен. Натпреварот се игра во вечерниот термин од 20:30 часот.