Репрезентацијата на Полска за која настапува Патрик Валчак стигна до победа на премиерниот натпревар на Европското ракометно првенство кое се одигрува во Словачка и Унгарија. Полјаците успеаа да бидат подобри во дуелот против репрезентацијата на Австрија.
Австријците подобро го отворија натпреварот со предност од 2:0, некаде до осмата минута се играше израмнето, по што започна Полска да ја превзема предноста и да го контролира натпреварот. Најголемата позитива во првиот дел изнесуваше четири гола разлика, кога резултатот на семафорот гласеше 11:15, за на полувреме да имаат водство од 14:17.
Гледавме ефикасен натпревар на двете страни, на кој подобро се снајде Полска и во вториот дел од натпреварот. Австрија се обидуваше, но никако не успеваше да ја симне границата од три гола негатива, додека Полска во еден момент имаше и високи шест гола предност. На крајот триумфот дојде со резултат 31:36.
На овој натпревар настапи само Патрик Валчак кој постигна два гола, додека Јан Чувара поради позитивен тест на Ковид-19 не беше во составот за овој прв меч на ЕП.