Македонија го претрпе и вториот пораз на ЕП и на тој начин ги загуби шансите за пласман во следната фаза од ова натпреварување.
Иако беше фаворит во пресрет на натпреварот, сепак Македонија загуби од репрезентацијата на Црна Гора. Противникот подобро го отвори натпреварот кога поведе со 0:4, имаа и позитива од пет гола, но како одминуваше првото полувреме, избраниците на Кирил Лазаров успеваа да се вратат во игра и да намалат на еден гол разлика (11:12). Црна Гора повторно се одлепи на плус три, но на полувреме имаа само минимално водство од 16:17.
На стартот од второто полувреме успеавме да го израмниме резултатот на 17:17, но не успеавме во текот на вториот дел ниту во еден момент да поведеме. Црна Гора повторно направи серија на погодоци и поведе со 20:23. Едноставно немавме сили да се вратиме во натпреварот, противникот го контролираше резултатот и стигна до победа со резултат 24:28.
Стоилов не настапи на натпреварот поради позитивен тест на Ковид-19, додека останатите вардарови играчи немаа некој значителен придонес. Мишевски и Георгиевски имаа по 1 гол, додека Талески не се запиша во листата на стрелци.
Хрватска успеа да го добие дербито против репрезентацијата на Србија и да се најде на чекор до пласман во следната фаза. На натпревар на кој и двете репрезентации беа некомплетни, како подобра се снајде Хрватска која славеше триумф со резултат 20:23. Заслужена победа за коцкестите, со оглед дека водеа цело второ полувреме и во голем дел од првото полувреме, кое заврши со резултат 11:9. Србија благодарение на одбраните на Цупара одржуваше резултатска неизвесност, на моменти опасно се закануваше на предноста на Хрватска, но сепак момците на Хорват се покажаа како подобри на теренот.
Кај Србија, Дарко Ѓукиќ постигна 2 гола, додека кај победничкиот тим, Анте Гаџа не се запиша во листата на стрелци.