Фудбалскиот клуб Вардар продолжува со засилувања во пресрет на пролетниот дел од сезоната.
Ване Јованов е нов играч на ФК Вардар. Тој доаѓа од екипата на Академија Пандев, настапува на позицијата десен бек и ги има поминато сите младински категории во репрезентацијата на Македонија.
После Филип Гачевски и Дарко Мицевски, Ване Јованов е третото офиијално засилување за најтрофејниот македонски клуб.