Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Завировски со одличен настап во Куп на Македонија на 10.000 м
Завировски со одличен настап во  Куп на Македонија на 10.000 м

Завировски со одличен настап во Куп на Македонија на 10.000 м

 Нашиот, Петре Завировски забележа уште еден одличен настап. Овој пат на најдолгата стадионска трка 10.000 метри.

Трчаше само 9 секунди послабо од неговиот најдобар резултат во кариерата. Односно овој пат постави резултат од 35-56 минути. Во споредба со минатата сезона Завировски беше побрз за повеќе од 1 минута. Инаку негов најдобар резултат во оваа дисциплина е 35-47 поставен во 2014 година.

Радува фактот што нашиот атлетичар во континуитет ги подобрува своите резултати. Секоја негова наредна трка е подобра од претходната. Ова беше негова 5-та овосезонска трка. Претходно имаше два одлични полумаратони во Кавадарци и Скопје. Одличен настап во Кочани на 10км на трка на пат и добар настап на АРМ трката на 5км.