Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Високи победи против Пелистер за ЖКК Вардар М18 и КК Вардар М14
Високи победи против Пелистер за ЖКК Вардар М18 и КК Вардар М14

Високи победи против Пелистер за ЖКК Вардар М18 и КК Вардар М14

Вчера, две млади екипи на кошаркарскиот тим Вардар беа домаќни во малата сала при Срц “Кале“-Скопје. Двете екипи, женската М18 и момците од селекцијата до 14.години дојдоа до сигурни победи.

Младите дами од тимот на ЖКК Вардар М18, се сретнаа со екипата на Битола, тимот на ЖКК Пелистер. Вардарки во мечот против младите зелено-бели ривалки доминираа во текот на сите четири периода. Тргнавме да создаваме предност која од четвртина во четвртина само раснеше, на крајот победивме со високи 50.поени разлика. триумфот дојде со резултат 84:34.

00-2

Незапирливи се оваа 2020 момците од КК Вардар М14(2), тие редат успеси без ниту еден пораз, дојдоа и до треттата победа оваа кошаркарска „пролет“.  Ривал им беше тимот на КК Пелистер, победата дојде со доминанта игра, 86.поени  беше позитивата на крајот. Победата беше остварена со резултат 113-27.