Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Влаќевски денес заминува за Загреб, во сабота дебитира за Медвешчак
КУГЛАЊЕ! Влаќевски денес заминува за Загреб, во сабота дебитира за Медвешчак

КУГЛАЊЕ! Влаќевски денес заминува за Загреб, во сабота дебитира за Медвешчак

Како што ексклузивно ве исвестивме пред една недела  една од ударните игли на кугларскиот клуб Вардар, членот на ударното дуо на црвено-црните Бојан Влаќевски доби екстра понуда која не можеше да се одбие. Него му стигна понуда за трансфер во хрватската прва кугларска лига, од екипата на   Медвешчак од Загреб, која ја прифати.

12

Денес доцна попладне тој ќе замине за Загреб, Хрватска каде утре ќе се сретне за првпат со своите нови тимски другари. Во текот на утрешниот ден се очекува да се завршат сите формалности за трансферот и медицинските прегледи. Попладне ќе го одработи првиот од неколкуте тренинзи пред неговото деби со новиот тим. Според планот веќе во сабота, на православен Божиќ, 7-ми јануари ќе дебитира за неговиот нов клуб во домашната хрватска прва лига. Тимот каде што направи трансфер лани беше вицепрвак на Хрватска. Годинава има мала криза и се бори за опстанок во елитата. Тимот од осамостојувањето на Хрватска бил шест пати првак на земјата, голем број пати бил првак и во ех Југославија. Има десет меѓународни титули: седум титули во Светскиот куп, три во европскиот и една титула во НБЦ-купот.  Бојан конечно доби шанса да покаже дека одамна ја надраснал нашата лига и дека е светски калибар. Редакцијата на Вардар фанс му посакува многу среќа во кариерата.