Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Новиот играч на Вардар, Даинис Кристопанс е втор најдобар стрелец на Брест Мешков во лигата на шампиони
Новиот играч на Вардар, Даинис Кристопанс е втор најдобар стрелец на Брест Мешков во лигата на шампиони

Новиот играч на Вардар, Даинис Кристопанс е втор најдобар стрелец на Брест Мешков во лигата на шампиони

Новиот играч на РК Вардар, Летонскиот “џин“ Данис Кристопанс игра одлична сезона во екипата на Брест Мешков. Тој до овој период има постигнато 43 голови во лигата на шампиони за екипата од Белорусија и е втор најдобар стрелец во составот на тренерот, Сергеј Бебешко. Тој минатата сезона пристигна во Мешков од екипата на Татран Прешов каде речиси помина голем дел од неговата играчка кариера. Даинис има 26 години и со своите 213 сантиметри се смета за највисок играч кој настапува во лигата на шампиони. Исто така е стандарден и во репрезентацијата на Летонија. Во сезоната 2015/2016 постигна 62 голови во дресот на Брест Мешков.

Кристопанс ќе пристигне на лето и ќе претставува замена на позицијата десен бек за Алекс Душебаев, кој заминува во екипата на Киелце.