Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Борење! Вардар ќе учествува на турнирот во Босилеград, турнирот го носи името на црвено-црната легенда “Бојан Рангелов“
Борење! Вардар ќе учествува на турнирот во Босилеград, турнирот го носи името на црвено-црната легенда “Бојан Рангелов“

Борење! Вардар ќе учествува на турнирот во Босилеград, турнирот го носи името на црвено-црната легенда “Бојан Рангелов“

Бојан Рангелов, име синоним за Вардар во борењето, човек кој е нишка од првите денови од формирањето на клубот далечната 1960 година па се до денес. Тој е добитник на државната награда „8 септември“ за животно дело во спортот, која во 2014 година  официјално му беше врачена во Владата на Република Македонија од директорот на Агенцијата за млади и спорт на РМ.

range

Истиот беше награден  за заслугите  за развојот на спортот во нашата земја, како темел патоказ и за сите идни генерации.

range3

Токму во име на нашиот вардаров тренер Бојан Рангелов, во неговиот роден град Босилеград,  вардарци пред четири години отвориле боречки клуб. Еве сега четири години потоа, се создаде прилика и созреааа условите да се организира една убава манифестација, прв меѓународен турнир “ Бојан Рангелов“. На истиот свое учество ќе земат борачи од Србија, Бугарија и Македонија. Преставник од нашата земја нормално ќе биде БК Вардар со своите деца и кадети. Турнирот ќе се реализира утре, 29-ти јули.

range4 range5