Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Марко Мишевски: Ние сме млади играчи, со огромна желба за докажување во најсилната супер лига
Марко Мишевски: Ние сме млади играчи, со огромна желба за докажување во најсилната супер лига

Марко Мишевски: Ние сме млади играчи, со огромна желба за докажување во најсилната супер лига

Вардар Јуниор во новата сезона ќе биде најмладиот тим, кој ќе се натпреварува во најсилната супер-лига. Екипата која ја предводи искусниот стратег, Стојан Петрушевски ќе ја сочинуваат ракометари на возраст од 15-22 години, што го чини најмладиот состав во најдобрата лига во Македонија. Дел од вториот тим на Вардар во новата натпреварувачка сезона ќе биде и Марко Мишевски, кој минатата сезона ја помина како дел од РК Вардар 2, со кој стана вицешампион во првата ракометна лига. Ова момче кое е високо 1.98 см и роден на 23.08.1999 година, беше еден од најдобрите стрелци на тимот, кој располага со силен удар и подеднакво добро и константно игра и во одбраната. Ги има поминато младинските категории на Вардар, негов прв тим е Металург, а сините бои ги заменува со црвено-црни, каде има можност да биде дел од најголемиот клуб во Македонија. Во следново интервју ве запознаваме токму со Марко Мишевски, кој игра на позицијата лев бек.

1. Како ја добивте желбата за ракомет и зошто се одлучивте баш за овој спорт ?

-Желбата за ракомет ја добив од Европското првенство кое во 2009 година се играше во Хрватска. Бев инспириран од борбената игра на репрезентациите кои се натпреваруваа, па така се одлучив да започнам да се занимавам со овој спорт. 

2. На колку години започна да играш ракомет, кој беше вашиот прв клуб и тренер со кој работевте ?

-Ракомет започнав да тренирам на 10 години, мојот прв клуб беше Металург, а мојот прв тренер Сашо Сотировски.

3. Кои се младински екипи на РК Вардар ги имате поминато, од кои тренери имавте можност да учите и колку години сте дел од клубот ?

2

-Имам играно за пионерската и младинската екипа на Вардар и за екипата на Вардар 2, а тренери кои ме водеа беа Горан Стојков, Слободан Чивлачки, Кристијан Грчевски и Зоран Петковски и сите имаат заслуга за мојот напредок. Во Вардар ова ќе биде моја петта година како го носам дресот на овој клуб. 

4. Кој е вашиот синоним, кога ќе слушнете за името Вардар ?

-Црвено-црната комбинација на бои на дресот, се првиот синоним кога ќе слушнам за името Вардар. 

5. Како ја оценуваш сезоната со екипата на РК Вардар 2, каде се натпреварувавте во првата лига. Со оглед дека бевте млад и неискусен состав дали верувате дека можете да направите успех ?

1

-Имавме доста успешна сезона со мал број на порази. Пред стартот на сезоната не очекувавме висок пласман, но како поминуваа утакмиците добивавме поголема самодоверба и верувавме во нашиот успех. Екипата ја красеше колективна игра, но и многу пријателствво и дружење и надвор од ракометните терени. Дефинитивно бевме најголемото изненадување во лигата, а како најголема победа ќе ја издвојам онаа против Младост на Кале. 

6. Каков тренер е “Зенга“, со оглед дека е голманска легенда на Вардар и Македонскиот ракомет. Колку научивте од него и дали ви помогна да станете подобар играч ?

-Зоран Петковски е тренер кој има доста професионален пристап. Доста нови работи научив, добив шанса за игра и тоа многу ми помогна за мојот напредок. Стекнав поголемо искуство кое многу ќе ми помогне во продолжение од мојата играчка кариера. 

4

7. Во новата сезона ќе бидете дел од РК Вардар Јуниор, кој се натпреварува во најсилната супер лига. Како гледате на овој најголем предизвик до сега ?

-Во супер лигата има доста квалитетни екипи. Ние сме млади играчи со огромна желба за докажување. Ќе се бориме и ќе го дадеме нашиот максимум на секој натпревар, да не бидеме надиграни и никој противник да не дојде до лесни бодови во дуелите со нас. Наше е да работиме напорно и да ги слушаме советите на тренерот Петрушевски, од кој не се сомневаме дека многу ќе научиме и напредуваме и индивидуално и тимски. 

5

8. Со оглед дека ве сметаат за играч со голем потенцијал, каде се гледате во иднина, дали можеби сте размислувале на оваа тема ?

-Целта која сакам да ја остварам е да играм во Лигата на шампионите, а себеси каде се гледам, тоа неможам да кажам, сепак времето ќе покаже.

6

9. Дали има идол од кого се восхитувате во ракометната игра и сеуште го правите тоа ?

9. Мој идол на кој се огледувам е играчот на Кил, Домагој Дувњак. Ми се допаѓа неговиот начин на игра и еден ден сакам да бидам како него.

Звонко Ивановски