Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарката Гичевска најефикасна во поразот на младинската репрезентација на Македонија, на стартот од ЕП во Словенија
Вардарката Гичевска најефикасна во поразот на младинската репрезентација на Македонија, на стартот од ЕП во Словенија

Вардарката Гичевска најефикасна во поразот на младинската репрезентација на Македонија, на стартот од ЕП во Словенија

Женската младинска ракометна репрезентација имаше неславен старт на европското првенство во Словенија. Избраничките на Борче Марковски доживеаа висок пораз на стартот од групната фаза, откако во првото коло беа убедливо поразени од селекцијата на Хрватска.

Самиот податок дека во првите 30 минути постигнавме само три голови, говори за тоа каков натпревар сме одиграле. По првото полувреме, противникот имаше двоцифрена предност од 14:3. Ако е за утеха нешто, тоа е дека во второто полувреме постигнавме повеќе голови, но и примивме многу повеќе. Нашите младинки беа нерамноправен противник и на крајот мораа да се помират со висок пораз, односно конечен резултат од 35:14.

Леонида Гичевска која настапува за Вардар СЦЈС беше најефикасна во нашите редови, постигнувајќи шест голови, додека во листата на стрелци од ракометарките на Вардар, се запишаа уште и Ива Божиноска со два и Анастасија Николовска која додаде еден гол. Денес го играме вториот меч на првенството, каде за противник ја имаме Русија, која забележа стартна победа против селекцијата на Норвешка.