Ракометарите на Вардар стартуваа со подготовките за новата сезона, каде црвено-црните ќе ги бранат четирите трофеи освоени од минатата сезона. Екипата беше комплетна на првиот тренинг, кој се одржа во С.Ц. Јане Сандански. Ново засилување е Кристопанс, додека тројца играчи од вториот тим на РК Вардар ќе тренираат со Европскиот шампион во наредниов период. Тука е секако и средниот бек, Јана Војводиќ, кој потпиша договор исто така со Вардар. Сеуште клубот нема официјална потврда, за нов тренер на голманите, иако на првиот тренинг со нив работеше, Александар Царчев.
Погледнете неколку фотографии од првиот тренинг на Европските шампиони.