Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Кога ќе ја освоиш лигата на шампионите, следната сезона е секогаш потешка
Гонзалес: Кога ќе ја освоиш лигата на шампионите, следната сезона е секогаш потешка

Гонзалес: Кога ќе ја освоиш лигата на шампионите, следната сезона е секогаш потешка

Европскиот ракометен шампион, екипата на РК Вардар денес стартуваше со подготовките за новата натпреварувачка сезона. Тренерот Гонзалес го имаше првиот собир, попладнево во спортскиот центар Јане Сандански, каде означи старт на подготовките. На првиот тренинг се појави новото и единствено засилување, Даинис Кристопанс кој дојде од екипата на Брест Мешков. Летонскиот “џин„ ќе биде замената за Алекс Душебаев, кој замина во Киелце. Тука се и младите, Ѓорѓески, Поповски и Ончев, кои ќе тренираат со црвено-црните. Гонзалес истакна дека не чека потешка сезона од минатата, а првите погледи се вперени кон “Супер Глоуб„ тоа е неофицијалното светско првенство, единствен трофеј кој недостасува во витрините на клубот.

-Екипата е речиси иста од минатата сезона. Имаме само еден нов играч, тоа е Кристопанс, како и тројца ракометари од младинскиот погон. Немаме многу време да се подготвуваме, затоа што не чека, светското првенство, “Супер Глоуб„ во Катар. Сметам дека треба да се подготвуваме повеќе играчки,  а помалку да одиме на физичка подготовка. Очекувам многу тешка сезона, сигурно дека ќе биде потешка од минатата, затоа што кога ќе ја освоиш ЛШ, следната сезона секогаш e потешка. Имаме многу време да мислиме на таа тема, сега треба мислите да ги насочиме кон “Супер Глоуб„. Тоа е првото внимание. Тоа е многу важен турнир за екипата.