Првото коло од пролетниот дел на сезоната на Македонската кугларска лига дефинитивно ќе се одржи во сабота 07.03.2015 година. После конечното решение за спорот помеѓу КК Макпетрол и КК Вардар 2014 за трансфер на играчот Бојан Влаќевски.
Во спорот , во кој мораше да посредува и Кугларската Федерација на Македонија застапувана од претседателот на истата, г-динот Александар Бичиклиски, поради несогласувањата меѓу споменатите два клуба, тој го искористи своето овластување и дискреционо право да донесе одлука со која трансферот на Бојан Влаќевски е одобрен (од КК Макпетрол во КК Вардар 2014) .
При што КК Вардар 2014 мора да исполни зададени услови спрема правилниците на КФМ. Со тоа овој спор е затворен и веќе во сабота токму овие две екипи ќе ги одмерат силите во дербито на првото пролетно коло.