По првата крос-кантри трка годинава која се одржи на кејот на Вардар на 8км на оваа трка настапи нашиот атлетичар Петре Завировски од АК Вардар најавуват и учество на втората трка сезонава “Gazi Baba XC Challenge “.
Првата трка донесе успех и прво место за Завировски патеката долга 8км ја мина за 26:40 каде што во фер плеј финиш со атлетичарот Жан Тосев го подели првото место на истата . “Gazi Baba XC Challenge “- е трка во организација на endurance.mk и истата ќе се трча во парк-шумата во Скопска Гази Баба.
Завировски од АК Вардар и досега има земено учество на истата во 2012 година имаше резултат 39:00 и го освои 13 место. Следната 2013 година не настапи бидејќи имаше повреда . Лани во 2014 година имаше резултат 29:47 што беше доволен за освојување на 6 место на истата . Годинава се очекува подобрување на личниот резултат ново подобро време и пласман во најдобрите три. Оваа трка како и минатата на кое го освои првото место се подготовка за најзначајниот атлетски настан во земјава “ Скопскиот Маратон “ на кој членот на Вардар има закажано свое присуство и желбата е да се истрча најдобриот маратон десега .
Редакцијата на ВардарФанс.мк му посакува успешна трка на нашиот атлетичар од АК Вардар Петре Завировски !