Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити двојна програма

Комити двојна програма

Сабота 07.03. Вардар-Веспрем
Недела 08.03. Вардар-Металург

На гостувањето во Кратово покажавме дека не сме заборавиле како изгледа едно сериозно гостинско издание на нашата група, а сега е време да го поправиме и впечатокот на домашните натпревари. Имавме одлично затворање на есенската полусезона со спектакл на трибините против Работнички, но во пракса се покажало дека на таквите натпревари кога има некоја специфична причина за прослава (15 години ЛФ во тој случај) секогаш има повеќе навивачи. Оние кои вистински се грижат за Вардар не одбираат да одат само на ваквите натпревари, туку присуствуваат на запад во секоја прилика.

Металург ќе ни биде првиот противник во третиот круг од првенството. Ако годината се познава според првото издание, се надеваме дека и ние и фудбалерите ќе бидеме на висина на задачата.

Нека големата забава од Кратово се пренесе на Градскиот стадион. Оние кои го пропуштија гостувањето имаат шанса да се исправат, додека останатите кои одвоија време и средства за неделниот натпревар, веќе би знаеле каква забава би пропуштиле доколку не се појават на запад против Металург.

Стариот сјај на трибината се враќа со голема работа и тоа на цело членство на групата. И оние кои немате раководни улоги во групата, можете да придонесете за мобилизација на нашите членови кои низ годините од најразни причини престанале да доаѓаат на запад, а истотака и со привлекување на нови членови кои би се навлекле на дрогата наречена ВАРДАР.

Ден претходно не очекува последниот дуел од СЕХА лигата во регуларниот тек од сезоната. Веспрем ни е стар должник од настапите во групата од ЛШ. Успеаа среќно да си заминат со победата од дуелот во Скопје, победа која за нас ќе значеше прво место во конечниот поредок и многу полесен пат до фајнл фор турнирот од ЛШ.
Унгарците досега ги добија трите дуели против нас во оваа сезона, па мислиме дека е крајно време да паднат во пеколот во Скопје. Да го исполниме Јане Сандански до последно место, затоа што овие момци ја заслужуваат целосната наша поддршка со игрите кои ги прикажуваат на теренот.

Не очекува нов интересен викенд, а само ние можеме да направиме да ни биде позабавен од претходниот кој ќе се памти долго време. Почитувајте ги одлуките на групата, навивајте од почеток до крај и останатото ќе си дојде само по себе.

Како и на предходните натпревари од СЕХА Лигата така и на овој влезот за членовите ќе биде слободен, а за оние без членска цената е 100 денари. Во вторник и среда од 20.00 до 21.00ч на фонтана ќе се продаваат останатите шалови по цена од 500 денари. За време на продажбата членовите ќе имаат можност и да подигнат карта за престојниот натпревар против Веспрем. Оние кои не се во можност да подигнат карта во вторник или среда картата ќе може да ја подигнат пред почетокот на натпреварот.

Во врска со фудбалскиот натпревар во недела картата за оние со членска ќе биде 50 денари, а за оние без 100 денари. За терминот на одигрување и собирот дополнително ќе бидете известени.

СИТЕ НА ЗАПАД !!!

Текстот е превземен од: Komiti.org