Младинците на Фк Вардар приредија изненадување на теренот во Марино. Во пријателски натпревар беа подобри од второлигашот Маџари, победувајќи со резултат 3:2. За Вардар стрелаа Ѓорѓи Малов, Имран Абази и Тони Мирчевски.
-Одигравме еден квалитетен натпревар во кој влеговме доста мотивирано. Изигравме дисциплинирано и на секој дел од теренот го диктиравме темпото. Од резултатот можам да кажам дека сум задоволен, со оглед на тоа дека игравме против првиот тим на Маџари, во кој настапија доста повозрасни и поискусни играчи. Со овој натпревар заврши уште еден дел од подготовките кои течат во најдобар ред, а за самото тоа покажуваат и резултатите кои ги постигнавме.
Остана уште малку до почетокот на пролетниот дел од сезоната. Првиот предизвик е следната недела во 1/2 на купот, против екипата на Шкупи.
- Како капитен сум задоволен од играта и формата на мојата екипа, иако секогаш може и подобро. Се подготвуваме максимално бидејќи веќе следната недела не очекува сериозен противник во полуфиналниот меч од купот на Македонија. Мислите веќе ни се насочени кон тој натпревар, и сите од екипата гледаме во позитвно светло кон истиот. Вардар секогаш оди на победа, изјави капитенот на младинците, Кристијан Апстоловски за Вардарфанс.
Звонко Ивановски