Saturday ,16 January 2021
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Младинските категории на Фк Вардар продолжуваат со подготвителните натпревари
Младинските категории на Фк Вардар продолжуваат со подготвителните натпревари

Младинските категории на Фк Вардар продолжуваат со подготвителните натпревари

Во очекување на почетокот на пролетниот дел од сезоната, младинските категории на Фк Вардар продолжуваат да ја темпираат формата преку одигрување на пријателски натпревари. Сите генерации кои настапија во изминативе три дена, забележаа три победи и еден нерешен резултат.

-Помладите пионери предводени од новиот тренер Сашо Тодоровски на теренот во Драчево забележаа победа против екипата на ССК. Конечниот резултат беше 4:0. Марко Ѓоргиевски постигна два гола, а по еден Мартин Филипоски и Никола Џурџу.

-Свој натпревар имаа и избраниците на Љупчо Марковски, против екипата на Цементарница. Мечот се одигра во кадино, и заврши со убедлива победа на црвено-црните, со резултат 7:0. Седум различни играчи се запишаа во листата на стрелци. Дарко Додевски, Есмин Личина, Виктор Димков, Јасир Беќири, Бенјамин Салков, Ердон Даци и Александар Најдоски погодија за Вардар.

-Во овој период активни беа и младинците на Фк Вардар. Најпрво одиграа натпревар со екипата на Македонија Ѓ.П на кој ремизираа 1:1. Ѓорѓи Малов беше единствениот стрелец за Вардар. Вчера имаа нов дуел, на кој приредија изненадување совладувајќи го второлигашот Маџари. Конечниот резултат беше 3:2. Повторно погоди Малов. Покрај него во листата на стрелци, се запишаа и Имран Абази и Тони Мирчевски.

Се на се успешен викенд за младинските категории на Вардар.Останува уште малку пред почетокот на вториот дел од сезоната.Своите први предизвици ги очекуваат во полуфиналето на националниот куп.