Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Александра Вељаноска: Атмосферата во екипата е на високо ниво
Александра Вељаноска: Атмосферата во екипата е на високо ниво

Александра Вељаноска: Атмосферата во екипата е на високо ниво

Кадетките на Жрк Вардар напорно се подготвуваат за почетокот на вториот дел од сезоната, кој започнува овој викенд.

-Подготовките за пролетниот дел од сезоната се одвиваат во најдобар ред. На тренинзите се работи интензивно со цел да ги надминеме недостатоците и да ги поправиме грешките кои ги имавме во првиот дел од сезоната.

Припремниот период оваа екипа го искористи за учество на два турнира, одигрувајќи многу пријателски натпревари. Оваа генерација настапуваше на “Трофеј Белград“ и турнирот во организација на клубот Вардар-“Еден живот, една љубов.

-Одигравме неколку контролни натпревари кои ни служеа за да ја подигнеме формата и да ја подобриме играта на тактички план. Атмосферата во екипата е на високо ниво, со нетрпение очекуваме да започне вториот дел од сезоната. Воглавно сме задоволни од досегашните постигнати резултати во првиот дел, иако секогаш може подобро.

Кадетките го бранат трофејот од минатата сезона, кога го освоија првото место.

-Нашите очекувања се да го повториме успехот од претходната сезона, а тоа е да го освоиме првото место во кадетска лига и да бидеме дел од фајнал форот во младинска лига,  изјави Александра Вељаноска за Вардарфанс.мк.

Звонко Ивановски