Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Ѓорѓи Малов во “голгетерска форма“
Ѓорѓи Малов во “голгетерска форма“

Ѓорѓи Малов во “голгетерска форма“

Ѓорѓи Малов има 17 години, и е член на младинската екипа на Фк Вардар. Веќе единаесет години активно тренира фудбал. На шест години почнува во Локомотива. Од таму преминува во екипата на Форца. Неговата кариера во мал период ја продолжува во екипата на Работнички. Потоа следи една незгодна повреда која го одалечува од терените пола година. Неговата надеж и пред се љубов кон фудбалот го враќа повторно на теренот.

Екипата на Алумина е неговата следна дестинација, и последна пред да дојде во најголемиот Македонски бренд-Вардар. Веќе 2.5 години активно го носи црвено-црниот дрес и се смета за потенцијален талент кој допрва треба да ја тресе Македонската фудбалска јавност, и чие време допрва доаѓа.

Во првиот дел од сезоната не добиваше многу шанса кај тренерот, но секогаш беше прва алтернативна замена за напаѓачите на Вардар. Влеѓуваше како вистински “џокер“ кој знаеше да направи опасност кон противничките голови. Сепак својот талент и напорна работа излегува полека на виделина. На подготвителните натпревари на својот тим се смета за за еден од најдобрите поединци на тренерот Петар Ѓоргиевски.

На последните четири пријателски натпревари, постигна три гола. Сигурно веќе влегува во мислите на неговиот тренер за настап во стартните 11. Заедно со Петковски и Аломеровиќ би требале да започнат во офанзивната линија на Вардар, за мечот во полуфиналето на националниот куп.

Како и да е пред него е една блескава играчка кариера, која се надеваме дека ќе продолжи и во првиот тим на Фк Вардар.

Звонко Ивановски