Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Наташа Нолевска: Нашата цел оваа сезона е освојување на младинското првенство
Наташа Нолевска: Нашата цел оваа сезона е освојување на младинското првенство

Наташа Нолевска: Нашата цел оваа сезона е освојување на младинското првенство

Младинките на Жрк Вардар со победа го стартуваа вториот дел од сезоната. Денеска на гостински терен беа подобри од екипата на Стружанка, против која забележаа убедлива победа со резултат 12:25. Првото полувреме заврши во корист на Вардарки 6:12.

Најефикасна во нашите редови беше Наташа Нолевска која постигна 10 гола. Гичевска и Тодоровска додадоа по 4.  Нина Ладева беше одлична на голот забележувајќи 16 успешни интервенции.

-Натпреварот помина во тотална доминација на нашата екипа. Го контролиравме резултатот во текот на сите 60 минути. Нашата цел оваа сезона е освојување на младинскато првенство, и нормално е дека на секој натпревар и против секој противник одиме на победа. Лично за себе и од својата екипа сум задоволна од овај натпревар, меѓутоа секогаш постои простор за напредок и уште подобра игра, ни изјави најдобриот стрелец на денешниот натпревар Нолевска за нашиот сајт.

Звонко Ивановски