Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Во второто коло од кугларската лига Вардар му гостува на КК Империјал Тобако

Во второто коло од кугларската лига Вардар му гостува на КК Империјал Тобако

По поразот во дербито од првото пролетно коло од Шампионот во кугларската лига тимот на КК Макпетрол за Вардарци продолжуваат возбудувањата во кугларската лига . Во второто коло од пролетниот дел на кугларската сезона, нашиот КК Вардар му гостува на КК Империјал Тобако кој е домаќин во кугланата Мусандра во Градскиот Трговски Центар во Скопје.

 Младен Донковски сегашен член на КК Вардар !

Младен Донковски сегашен член на КК Вардар !

Во овој дуел , судејќи по играчкиот кадар , Вардар влегува како голем фаворит за освојување на нови два бода , кои ќе бидат добредојдени после минатонеделниот тесен пораз од шампионот КК Макпетрол. КК Империјал Тобако во оваа сезона е рапидно ослабен по заминувањето на нивни три клучни играчи кои прејдоа токму во КК Вардар. Најновиот играч на КК Вардар, Младен Донковски , ќе има дуел со своите довчерашни долгогодишни соиграчи и овој натпревар за него ќе биде посебен во многу нешта. Во ова коло , исто така во Мусандра , се сретнуваат КК ГТЦ и КК Работнички, двете екипи кои го поминаа Вардар на табелата во претходното коло. Со победа на Вардар над Империјал Тобако, Вардар речиси сигурно ќе се врати на третото место на табелата.

Сабота , 14.03.2015 – КК Империјал Тобако против КК Вардар во куглана Мусандра во ГТЦ.