Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Улрика Агрен “црвено-црна“ од следната сезона !?
Улрика Агрен “црвено-црна“ од следната сезона !?

Улрика Агрен “црвено-црна“ од следната сезона !?

Шведската репрезентативка и член на германскиот Букстехуде, Улрика Агрен би требало да биде ново засилување за Жрк Вардар од следната натпреварувачка сезона. Агрен игра на позицијата пикер, каде оваа сезона црвено-црните имаат најголеми проблеми. Фернанез е дого време повредена, а Алтхаус е единствената опција, на таа позиција, заедно со младата Гакидова.

Алгрен има 28 години и е една од најдобрите поединки на германскиот бундеслигаш. Во нејзината кариера има настапувано и за екипите на Рандерс и Есбјерг од Данска, како и за Савенхоф од Шведска. Очекуваме во наредниот период да видиме што ќе се случи, и дали Вардар ќе добие и скандинавски шмек.