Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити соопштение

Комити соопштение

11067649_799738053413815_7549053067288822773_n

Нова двојна викенд програма!

Следен противник на Вардар на патот кон враќањето на титулата е секогаш незгодниот Турново.
Одличниот резултатски почеток на ФК Вардар во пролетната полусезона ни дава надеж дека конечно ќе успееме да славиме на гостувањето каде што секогаш се мачиме да дојдеме до бодови. Турново секогаш претставувал тежок противник на свој терен, затоа да ка повториме поддршката од Кратово и да им овозможиме на нашите фудбалери да се чувствуваат како дома. Дел од групата ќе присуствува во Полска на мечот меѓу Висла Плок и Вардар, но тоа не е причина остатокот на групата да не оствари гостување во овој викенд. Нема многу време за мобилизација, затоа потрудете се да ги информирате сите членови на кои им тече црвено-црна крв во вените дека во недела Комитскиот караван ќе го “напаѓа” Турново. Турново не е атрактивен противник, но тоа не е никаква пречка за сите оние кои доаѓаат за Вардар, а не за противникот. ОДИМЕ ВО ТУРНОВО!
Собир 15.03. Железничка 09.00 часот.Карта 100денари

*Собирот за оние кои патуваат за Полска е утре(13.03) во 15.00 на железничка

БИЛО КОГА,БИЛО КАДЕ !!!

Текстот е превземен од: Komiti.org