Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Комплетна анализа за младинците на Фк Вардар, во есенскиот дел од сезоната.
Комплетна анализа за младинците на Фк Вардар, во есенскиот дел од сезоната.

Комплетна анализа за младинците на Фк Вардар, во есенскиот дел од сезоната.

Се одбројуваат деновите пред почетокот на пролетниот дел од сезоната каде настапуваат младите генерации на Фк Вардар. Иако требаше викендов да стартува со дербито против екипата на Пелистер, истото се одложува. Причина се лошите услови за игра кои преовладуваат на фудбалските терени.

Младинците на Фк Вардар, сепак првиот натпревар го играат во рамките на полуфиналето од националниот куп, против екипата на Шкупи. Мечот ќе се одигра во среда, а теренот и часот на одигрување сеуште не е познат.

Претходно младинците поминаа две пречки, за да стигнат до 1/2.

1/8 Хоризонт Турново-Вардар 0:3

1/4 Вардар-Еуромилк 2:0 (прв меч)

1/4 Еуромилк-Вардар  1:1 (втор меч)

Во првенството, да не беше онаа лоша серија од четири последователни порази, оваа екипа сигурно ќе се наоѓаше на врвот на табелата. Нивниот учинок е седум победи, ниеден нерешен резултат и четири порази.

1 коло: Пелистер-Вардар 1:3

2 коло: Вардар-Македонија Ѓ.П 2:0

3 коло: Работнички-Вардар 2:0

4 коло: Вардар-Металург 2:3

5 коло: Академија Пандев-Вардар 2:1

6 коло: Ренова-Вардар  1:0

7 коло: Вардар-Милано 4:2

8 коло: Турново-Вардар 0:2

9 коло: Вардар-Дрита 8:0

10 коло: Шкупи-Вардар 1:3

11 коло: Вардар-Шкендија  2:0

Листата на најдобри стрелци ја предводи Петар Петковски.

1.Петар Петковски 8 ( 5 првенство, 3 куп)

2. Дин Аломеровиќ 7 гола ( сите во првенство)

3. Енсар Сулејмани 6 гола ( 5 првенство, 1 куп)

4. Кристијан Апостоловски 6 гола ( сите во првенството)

Младинците беа многу активни и во подготвителниот период, каде одиграа неколку пријателски натпревари, преку кој ја подигаа формата пред почетокот на пролетниот дел од сезоната. Тука направија изненадување, совладувајќи го второлигашот Маџари со резултат 3:2.

1. Вардар-Цементарница 6:1 ( Аломеровиќ (3), Петковски, Ристески, Николовски)

2. Вардар-Брегалница 1:0 ( Малов)

3. Милано-Вардар 0:3 ( Стојковски, Ристески, Мирчевски)

4. Работничи-Вардар 1:1 (Мирчевски)

5.Вардар-Македонија Ѓ.П. 1:1 ( Малов)

6. Маџари-Вардар  2:3 ( Малов, Абази, Мирчевски)

Тренер на младинците е Петар Ѓоргиевски, а капитен Кристијан Апостоловски.

Звонко Ивановски