Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Андреј Ричков: Тајната на успехот е во тоа колку долго сме заедно и се знаеме како дишеме
Андреј Ричков: Тајната на успехот е во тоа колку долго сме заедно и се знаеме како дишеме

Андреј Ричков: Тајната на успехот е во тоа колку долго сме заедно и се знаеме како дишеме

Поради лошите прилики за игра на фудбалските терени во Македонија, се одложува првото пролетно коло за младинските категории на Вардар, кое требаше да започне викендов. Сепак првот натпревар на сите Вардарови генерации се очекува да биде во среда, кога се играаат полуфиналните натпревари од националниот куп.

Дефанзивната линија на кадетите на Вардар функционира беспрекорно, имаат најмалку примени голови во првенството. Се наоѓаат на првото место, без ниеден пораз. Своја улога во овој учинок, има и десниот бек Андреј Ричков, кој за нашиот сајт го сподели се она што беше актуелно досега.

-Првата полусезона, ја одигравме одлично без пораз и со само четири примени гола. Од натревар во натревар бевме се подобри, а тоа се должеше на добрата физичка спремност и воиграност на екипата.

Кадетите предводени од тренерот Љупчо Марковски, се убедливо најдобрата генерација на Вардар, кои се натпреваруваат во првенството.

-Тајната на успехот е во тоа колку долго сме заедно и се знаеме како дишеме, со исклучок на двајца нови играчи кои исто така добро се вклопија во екипата.

Најголем конкурент во битката за титулата е екипата на Металург, со кој имаат исти бодови. Тука е и Шкендија која заостанува само три бода зад конкурентите.

-За тоа кој ке ја освои титулата во лигата мислам дека ќе одлучат меѓусебните дуели со Металург и Шкендија. Ние максимално ке се избориме да останеме каде што сме во моментов.

Оваа екипа се пласираше и во полуфиналето на националниот куп. Во среда ги очекува првиот од двата дуела, против екипата на Металург.

-Во полуфиналето на купот се среќаваме со екипата на Металург. Првиот натпревар ке го одиграме дома и се надевам на позитивен резултат. Премногу го посакуваме купот, убаво ќе биде да го гледаме во нашите витрини.

Победничкиот менталитет е главната нивна одлика, која владее и пред почетокот на сенскиот дел од сезоната.

- Освојување на двојна круна е нашата цел. Ќе биде тешко, но напорно работиме и се спремаме. Тоа за нас ќе значи огромен чекор напред.

Подготовките ги искористија за одигрување на голем број на подготвителни натпревари, преку кои ја подигнуваа формата пред важните мечеви кои престојат.

- Доволно време имавме за да се подготвиме за вториот дел од сезоната, максимално сме подготвени. Одигравме и пет пријателски утакмици каде ја покажавме нашата форма и спремност. Следниот викенд играме со Пелистер, и сме максимално подготвени за тој меч да победиме.

Своите квалитети Андреј ги покажува на теренот, каде е незаменлив дел од дефанзивната линија на Вардар.

-Јас играм на позиција десен бек, имаме примено само три гола што покажува колку јас и моите соиграчи се залагаме во одбраната, изјави Андреј Ричков за Вардарфанс.

Звонко Ивановски