Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Среќен роденден Медвед Тања

Среќен роденден Медвед Тања

med

Среќен роденден Тања Медвед од редакцијата на Вардарфанс.мк со искрени желби за многу успеси со Црвено-Црните девојки . Денес е роденден на Тања која е длабоко поврзана со женската ракометната јавност во земјава . Медвед своевремено беше член и на долгогодишниот неприкосновен женски ракометен колектив во земјава Кометал Ѓорче кој во тоа време имаше широка подршка од Македонската јавност и од Комити кој беа секогаш со овој тим.  Денес е на позиција Спортски директор на Женскиот ракометен клуб Вардар кој се бори да биде во Европската женска ракометна елита .

Тања нека те следи успех во приватниот и професионалниот живот , и да бидеш прва спортска директорка на Вардар која во својата биографија ќе има впишано – “ Шампион на Европа “ !