Вчера, во Унгарија кадетите на кошаркарскиот тим „Вардар“ ја остварија и четвртата победа на турнирот од EYBL што се одржува во Шопрон.
Во последниот меч, нашиот тим го совлада чешкиот Сокол Прашки со 101-87. Сите три триумфи на Вардар беа убедливи, изразени со двоцифрена разлика па така беше и на оваа последна, четврта средба на црвено-црните момци на Јованчев.
Најефикасен во нашите редови на дуелот беше Љубен Ефтимовски со 31 поен, на тоа придодаде и дури 16 скока, Нешовиќ и Терзиевски постигнаа по 18 поени, а Ѓорѓевиќ впиша 16.поена.